Искусниот тренер Анхел Капа, е последниот од Аргентинците кои се вклучија во дебатата околу Лионел Меси и неговиот учинок за Барселона и Аргентина, велејќи дека без него Барселона би биле само 10-ти оваа сезона.
Диего Марадона минатата недела влезе во неочекуван напад на Меси, велејќи дека тој не е лидер бидејќи „оди 20 пати во тоалет пред натпревар“ и порачувајќи и на аргентинската јавност да го заборави околу репрезентацијата. Капа вели дека го разбира овој став, но со малку поинаква причина.
„Се согласувам со Марадона дека не треба да правиме Бог од Меси, бидејќи тој иако е одличен фудбалер, многу има и до маркетингот. Без него, бидејќи ги спаси во толку натпревари, Барселона би биле само десетти“, вели Капа.
Досега во Ла лига оваа сезона, Меси беше вклучен во 10 од 19-те голови со шест гола и четири асистенции.
Фото: ЕПА