Top Sport

Флојд му одговори на Хабиб: Да го направиме Лас Вегас голем повторно

Флојд Мејведер Јуниор очигледно го прифати предизвикот на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, најавувајќи уште една голема пресметка во боксерскиот ринг.

Новата ѕвезда Хабиб по победата над Конор Мекгрегор го „најде“ шефот на „Мејведер промоушнс“, Леонард Елербе и го предизвика непоразениот боксерски шампион со зборовите: „Во џунглата има само еден крал“.

„Пензионираниот“ боксер одговори во свој стил: „Да го направиме Лас Вегас голем повторно“, алудирајќи на предизборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, но и на хаосот кој се случи по мечот помеѓу Нурмагомедов и Мекгрегор по УФЦ 229.

Мејведер, нормално, никогаш не се повлекува од можноста да го каже своето, но и да заработи многу пари, така што, колку и да звучи неверојатно, можно е да имаме мега-меч, без разлика дали во рингот или во октагонот. Мејведер се пензионираше откако го победи Мекгрегор минатиот август со 51-0 скор, но сигурно би бил подготвен за уште еден меч со големи пари (над 100 милиони долари, секако).

Хабиб го предизвика Мејведер, овој се преправаше дека не му го знае името (видео)

Scroll to Top