Top Sport

Без милост! Леви сака вработените во Тотенхем да работат во неговата вила

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви планира да ги ангажира луѓето кои се вработени во клубот и кои не се поставени на шемата за владина помош со 80 отсто плата, да работат на неговиот личен посед додека трае епидемијата од корона вирусот, јавува „Телеграф“.

Иако тимот кој го подготвува теренот на новиот стадион на Тотенхем кој чинеше над милијарда фунти, тие веќе не го подготвуваат теренот за мечевите по паузирањето на Премиер лигата. Тренинг-центарот во Енфилд исто така е затворен. Леви смета дека тие вработени можат своите работни часови да ги поминат на неговиот посед во Хертфордшајр.

Решението на Тотенхем да ги постави вработените на владината шема наиде на огромен број на критики, бидејќи лондонскиот клуб е осмиот најбогат клуб на светот и од 2012 година секоја година работи со профит – лани тие заработија 69 милиони фунти. Со сегашниот систем на работа, Тотенхем ги плаќа своите фудбалери со целосна сума, додека 550-те вработени се поставени на социјална помош, која изнесува 80 отсто од нивната плата, со максимум од 2.500 фунти месечно.

Scroll to Top