Top Sport

Без Мурињо, Погба сега сака нов договор со Манчестер јунајтед

По сите „закани“ на неговиот агент Мино Рајола дека „пола Европа“ го бара, Пол Погба е подготвен да разговара со Манчестер јунајтед за продолжување на верноста на клубот.

Очигледно главна причина за незадоволството во тимот од „Олд Трафорд“, тренерот Жозе Мурињо не е тука, но сега според британскиот „Сан“ е подготвен да преговара за новите услови, иако има уште повеќе од две години од актуелниот договор.

25-годишниот Французин и покрај тоа што е прва ѕвезда на тимот, останува втор најдоброплатен фудбалер на Јунајтед со 290.000 фунти неделно, и сега би сакал да биде израмнет со сумата која ја добива Алексис Санчез, највисока во Премиер лигата, од фантастични 505.000 фунти.

„Агентот на Погба е подготвен да ги реши проблемите кои ги имаше со клубот кои се појавија кога Мурињо беше главен. Рајола сака да почне да разговара кога ќе заврши јануарскиот преоден-рок, а Пол е најсреќен досега“, вели анонимниот извор од Јунајтед за „Сан“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top