Top Sport

Серена заборави дека веќе не е број 1 (видео)

Серена Вилијамс можеби игра како светска тенисерка број 1, но очигледно заборави дека веќе не е на врвот. Легендарната Американка се пласираше во четврт-финалето со 6:1/4:6/6:4 победа над актуелната светска тенисерка број 1, Романката Симона Халеп, но пред стартот на мечот направи мал кикс.

За време на најавувањето на тенисерите, кога се слушна „светска тенисерка број 1“, 23-кратната гренд слем шампионка Серена инстинктивно излезе на теренот, пред да се чуе „Симона Халеп“, очигледно заборавајќи дека во моментов е на 16. место на ВТА-листата. Халеп само се насмеа на реакцијата, а Серена веднаш и се извини.

Крај за првата носителка, Серена ќе игра во четврт-финалето

Scroll to Top