Top Sport

Без најдобриот стрелец Евертон ќе ги напаѓа Вулверхемптон

Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти, открил дека тимот ќе му биде хендикепиран на утрешниот натпревар со Вулверхемптон. Натпреварот ќе го пропушти најдобриот стрелец Доминик Калверт-Лувин, додека неизвесен е настапот на Ришарлисон. Вториот Бразилец Алан, ќе биде надвор од тимот и во наредните две недели.

Калверт-Лувин има повреда на бутниот мускул.

„Се уште ги чекаме извештаите на лекарите, се надевема дека наскоро ќе се врати во тимот“, рекол Анчелоти, коментирајќи ја здравствената состојба на најдобриот стрелец на Евертон.

„Без него нема да биде толку опасни во воздушните дуели, поради тоа ќе мораме да бидеме успешни во завршните додавања“.

Евертон и Вулверхемптон ќе играат утре од 21.15 часот.

Scroll to Top