Top Sport

„Без Нејмар ПСЖ игра подобро“

Нејмар, поради тешка повреда ја заврши сезоната. ПСЖ без него ќе се обиде да го надомести минусот од еден гол против Баерн, во Лигата на шампионите. Нејмар се повреди пред три недели на натпреварот против Лил.

ПСЖ го загуби првиот натпревар на домашен терен со 0:1. Со оглед на доминацијата на Баерн на тој натпревар, „светците“, можат да бидат задоволни од резултатот.

Легендарниот Биксенте Лизаразу, во интервју за „Ветбасис“, тврди дека за ПСЖ е добро што Нејмар нема да биде во тимот.

„Кога тројцата великани (Меси, Мбапе и Нејмар) играат заедно, многу пати не се враќаат во одбрана кога ќе ја загубат топката. На тој начин трпи остатокот од тимот, останатите играчи мора да трчаат многу повеќе. Само со Меси и Мбапе против Баерн, ПСЖ ќе има поголем баланс како тим и играчите од средниот ред ќе работат помалку од вообичаено за да ја вратат топката“.

Лизаразу е легенда во Франција, со која беше светски првак во 1998 година и европски првак во 2000 година. Исто така тој е и легенда на Баерн, каде што помина девет сезони помеѓу 1997 и 2006 година. Со германскиот клуб освои шест титули во Бундеслигата и Лигата на шампионите во 2001 година.

„Се радувам на овој натпревар. Многу е тешко да се предвиди кој ќе помине. На првиот натпревар повредата на Килијан Мбапе беше тежок удар за ПСЖ, но за само 20 минути на теренот тој покажа колку е важен и добар. Можеби е најдобриот играч на светот во моментов, секогаш наоѓа решение против каква било одбрана. Тоа ќе биде отворен натпревар, а фактот дека и тој и Садио Мане се здрави е одлична вест за сите фудбалски фанови“, заклучи Лизаразу.

Scroll to Top