Top Sport

Без победник и без голови на „Селхрст парк“

Кристал палас и Лидс одиграа натпревар без победник и без голови во 34.коло во Премиер лигата.

Лидс освоија значаен бод во борбата за опстанок во еден динамичен натпревар на „Селхрст парк“. Екипата од Јоркшир се одалечи на пет бода од Евертон кој се наоѓа во опасната зона.

По оваа рунда Палас и Лидс останаа на истите позиции на табелата. Палас се 14. со 38 бода, Лидс се две позиции подоло со 34 бода.

Scroll to Top