Top Sport

Дончиќ ја растури Јута, Бостон го „исчисти“ Бруклин

Кошаркарите на Далас поведоа со 3:2 против Јута во првото коло од плеј-офот на Западната конференција. Меверикс го добија петтиот меч со 102:77, а ги предводеше Лука Дончиќ со 33 поени, 13 скока и пет асистенции. Џејлен Бренсон постигна 24 поени, а Доријан Фини-Смит 13 поени, со пет скока и четири асистенции.

Во тимот на Јута најефикасен беше Џордан Кларксон со 20 поени, а Руди Гобер постигна 17 поени со 11 скока.

Донован Мичел, кој имаше просек од 30 поени во првите четири натпревари, постигна девет поени на овој натпревар и не ги погоди сите седум „тројки“ пред да ја напушти играта во четвртата четвртина поради проблеми со коленото.

Катастрофална вечер во редовите на Јута имаше хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ кој ги промаши сите девет шута од игра, од кои пет тројки. Богдановиќ имаше само еден скок и една асистенција на паркетот за 28 минути.

На Далас му треба уште една победа за да се пласира во второто коло од плеј-офот, а шестиот натпревар е закажан за четврток навечер.

Бостон Селтикс го победи Бруклин Нетс со 116:112 и ја комлетираше серијата со 4:0 во победи. Кевин Дурент беше стрелец на 39 поени, седум скока и девет асистенции, а Џејсон Тејтум додаде 29 поени.

Торонто Репторс стигна до убедлив триумф (103:88) против Филаделфија и намали негативата на ривалот на 3:2 победи. Паскал Сијакам го предводеше Торонто со 23 поени, десет скока и седум асистенции.

 

Scroll to Top