Top Sport

Без победник и без голови во дербито Арсенал-Манчестер јунајтед

Без победник и без голови заврши дербито кое Арсенал и Манчестер јунајтед го одиграа во рамките на 21.коло, во Премиер лигата. На овој натпревар за Арсенал дебитираше Мартин Одегар, Норвежанецот ги одигра последните 10 минути од натпреварот.

Дербито не ги оправда очекувањата, иако двата тима не реалзираа неколку добри шанси. Според шансите Манчестер јунајтед беа поблиску до победата, но се чини дека нерешениот резултат е најреалниот исход.

Јунајтед, поставија рекорд во Премиер лигата, тие немаа пораз на гостувањата на последните 18 натпревари.

Првата шанса ја имаше Фред во 20.минута, неговиот удар одлично го одбрани Лено. Десет минути подоцна ударот на пепе заврши покрај голот на Де Хеа. Јунајтед веднаш возвратија преку Ван Бисака, чии удар беше непрецизен. Слично заврши и ударот на Бруно Фернандеш во 34.минута.

На стартот од вториот дел одбраната на Јунајтед го изблокира ударот на Вилијан во 49.минута.

Девет минути подоцна Кавани ја имаше првата од двете меч топки. Ударот на Уругваецот заврши веднаш до дирекот, а истото му се случи и во 89.минута.

Најголемата шанса за Арсенал на мечот ја имаше Лаказет во 65.минута, меѓутоа неговиот удар заврши во гредата.

На крајот 0:0 и 41 бод за Јунајтед, три помалку од лидерот Сити, кој има и натпревар помалку. Арсенал имаат десет бода помалку и се на осмата пзиција во лигата.

Scroll to Top