Џенова „гореше“, за на крајот истоимениот тим и Сампдорија да одиграат 1:1 во уште едно издание на „Дерби дела лантерна“, едно од најжестоките италијански пресметки.
Стартот на мечот беше фуриозен – ветеранот Фабио Кваљарела ги донесе Самп во водство уште во осмата минута од мечот, за Џенова да израмни во 17. минута преку гол од пенал на најдобриот стрелец во Серија А, Полјакот Кшиштоф Пјатек. Македонскиот капитен, Горан Пандев не беше дел од натпреварот.
Двата тима од Џенова се блиску на табелата – Сампдорија е на 12. место со 16 поени, додека Џенова, која веќе двапати смени тренер, е 13. со 15 поени.
Фото: ЕПА