Top Sport

Без победник во дербито Црвена звезда-Партизан

Фудбалерите на Црвена звезда и Партизан ремизираа 2:2 во 172. „вечно“ дерби. По 24 рунди во срепскиот шампионат Партизан ја задржа предноста од еден бод во однос на црвено-белите.

Дербито на најголемиот српски стадион мина во домонација на Црвена звезда. Домаќините не реализира аголем број шанси за раслика од противникот, кој упати три удари во рамките на голот и постигна два гола. Тој однос кај Црвена звезда е 9-2. Вкупно односнот на удари беше 22-4.

Црвена звезда дојде до предност преку Спајиќ во 43.минута. Партизан експресно одговори, три минути подцна изедначи Салдања. Нов шок домашните доживеаја во 49.минута кога Калулу му донесе предност на Партизан. Конечниот резултат го постави Ендијај во 69.минута.

Партизан мечот го заврши со играч помалку. Северина во игра влезе во 63.минута, а во 74. го доби вториот жолт картон.

Scroll to Top