Top Sport

Без пораз и примен гол испаднаа од Копа Америка 2019

Колумбија го заврши својот настап ан Копа Америка 2019 откако на пенали испадна во четврт-финалето од Чиле. Тесиљо го промаши клучниот пенал, а потоа Алексис Санчез го однесе Чиле во полу-финалето.

Парадоксално е што Колумбијците испаднаа без пораз и без примен гол.

Колумбија надмоќно ја освои групата со три победи над Аргентина (2:0), Катар (1:0) и Парагвај (1:0), а во четврт-финалето одиграа 0:0 со Чиле.

Гол-разлика 4:0, три победи и реми, но Џејмс Родригез, Квадрадо, Дуван Запата, Давид Оспина, Радамел Фалкао и останатите ѕвезди нема го видат полу-финалето.

Scroll to Top