Top Sport

Барселона ја одреди цента за Дембеле – 400 милиони евра!

Усман Дембеле нема да ја напушти Барселона, иако се шпекулира дка би можел да биде дел од трансферот кој Нејмар би го вратил на „Ноу Камп“. Исто така интерес за францускиот фудбалер покажуваа и од Баерн Минхен, но според најновите информации Барселона нема да се откаже од него.

Дембеле, пред две години од Дортмунд пристигна на „Ноу Камп“ со педигре на играч со раскошен потенцијал кој треба да биде вистинска замена за Нејмар.

Две години подоцна во Барселона се уште чекаат да го видат како во континуитет игра на врвно ниво. И покрај тоа челниците на клубот немаат намера да се откажат од него.
Медиумите во Шпанија пишуваат дека Барселона би можела да го пушти здембеле, но само доколку некој за него плати 400 милиони евра, пто во превод значи дека тој не е на продажба.

Дембеле минатата сезона на 43 натпревари постигна 14 гола за Барселона.

Scroll to Top