„Чистката“ во Челси под новите американски газди продолжува, откако клубот го отпуштил физиотерапевтот Тјери Лорен по 17 години работа, и тоа преку „Зум“ состанок, неколку дена откако го отпуштија и главниот медицински шеф, докторот Пако Биоска, кој работеше во лондонскиот клуб 11 години.
Новото заминување е последно на листата на луѓе кои беа вработени од поранешниот газда Роман Абрамович, кои си заминуваат од клубот по преземањето на клубот од Тод Бели и американскиот козорциум „Клирлејк капитал“. Менаџерот Томас Тухел доби отказ овој месец по просечниот старт на сезоната и по „ревизијата“ која траела 100 дена, а претходно си замина и одговорната за трансфери во клубот, Марин Грановскаја, како и претседателот Брус Бук и директорот за технички перформанси, поранешниот голман Петр Чех.
Лорен пристигна во Челси во 2005 година, откако претходно работеше во центарот на француската репрезентација во Клерфонтен 15 години, од 1997 о 2005 и од 2012 до 2014.