Top Sport

Би-би-си: Реал нудат 160 милиони евра за Канте

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, подготвува офанзива за играчот на Челси Нголо Канте.

Освојувачот на Премиер лигата со Лестер и Челси е еден од најдобрите играчи во светот на својата позиција, а од начинот на кој што игра бил воодушевен и тренерот на Реал, Зинедин Зидан.

Наводно Реал подготвувале богата понуда за францускиот репрезентативец, прашање е само дали Челси ќе се откажат од еден од своите најважни играчи.

Реал за Канте ќе подготвиле 160 милиони евра, или во превод 100 милиони во кеш и Хамес Родригез кого го процениле на 60 милиони. Интересно толку изнесува откупната клаузула на Канте.

Доколку овој трансфер биде реализиран тогаш Канте ќе стане најскапиот играч од редот за врска во историјата на фудбалот. Актуелен рекордер е Пол Погба за чии услуги Манчестер Јунајтед во 2016 година платија 105 милиони евра.

Scroll to Top