Top Sport

Меси: Најважна е титулата во Ла Лига

Лионел Меси истакнал дека титулата во Ла Лига е приоритет за Барселона, на второто место е трофејот во Лигата на шампионите. Аргентинецот во средата шести пат во кариерата а доби наградата „Златна копачка“.

„Лигата на шампионите е нешто посебно, тоа е натпреварувањето што сакаме да го освојуваме секоја година. Сепак ние знаеме дека Ла Лига е поважна, со натпреварите во првенството ние стекнуваме форма за останатите натпреварувања. Кога не ви оди во домашното првенство, тогаш е потешко да остварувате успеси во Европа. Вистината е дека секогаш зборуваме за Лигата на шампионите, но не смееме да ги заборавиме другите натпреварувања. Целта на Барселона секогаш се сите трофеи“, рекол Меси.

Барселона во моментов се втори во Ла Лига, а на истата позиција се и во Ф-групата во Лигата на шампионите.

Scroll to Top