Top Sport

„Би сакале, но не можеме да се бориме за пехарот во Лига купот“

Тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо рекол дека ќе мора да го жртвува Лига купот бидејќи во густиот распоред предност имаат европските натпревари. Тотенхем во вторник ќе играат против Челси, а веќе во четврток гостуваат кај Макаби Хаифа во плејофот за пласман во Лига Европа.

По натпреварите со Челси и Макаби Тотенхем в недела ќе гостуваат кај Манчестер Јунајтед во четвртото коло во Премиерлигата.

„Би сакал да се бориме за трофејот во Лига купот, но мислам дека нема да можеме“, рекол Мурињо.

„Фазата по групи во Лига Европа носи одредена сума на пари, а тоа е важно за нас. Со овој распоред Лига купот наместо нас ја донесе одлуката. Не ни направија проблем туку донесоа одлука“.

На новинарска адека неговиот тим би можел да му парира на Челси, Португалецот рекол.

„Се шегувате, дали сте сериозни? Челси играа во саботата, одмараа во неделата и понеделникот. Ќе играат повторно во втроник, а потоа дури за викенд. Имаат фантастичен тим. Нивниот менаџер може да игра со истиот тим“.

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Челси вечерва на програмата е од 20.45 часот.

Scroll to Top