Top Sport

Биелса дефинитивно е „луд“ човек (видео)

Марсело Биелса бргу стана миленик на навивачите на Лидс јунајтед, носејќи ја својата „луда“ фудбалска филозофија во англиската втора лига, со надежи за враќање во Премиер лигата, но уште еднаш покажа зошто има прекар „лудиот“.

Аргентинскиот тренер ги крена Лидс до третото место на табелата, носејќи мотивирачки дух во тимот во кој настапува и македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Тоа најдобро се гледа во видеото од тренингот на клубот, кога откако напаѓачот Патрик Бамфорд постигна одличен гол на тренинг, 63-годишниот тренер истрча цел терен само да го гушне. Фанатик!

Scroll to Top