Top Sport

Ботас најбрз на вториот тренинг, Хамилтон со почетничка грешка (видео)

Валтери Ботас беше најбрз на тесната втора тренинг сесија пред завршната Абу Даби ГП трка, во која минимално време ги раздвојуваше најдобрите.

Финскиот возач на Мерцедес ја брка првата победа во спортот по таа од минатогодишната трка на патеката „Јас Марина“, ги предводеше најдобрите шест кои беа одвоени во една третина од секундата. Ботас имаше време од 1:37.236, за 0.044 секунди побрз од победникот на првата сесија Макс Ферстапен, а Даниел Рикардо беше втор во вториот Ред бул. Луис Хамилтон беше четврт пред двојката на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Најдобрите шест ги користеа „хипер-меките“ гуми на Пирели за најдоброто време на сесијата која се одвиваше во самрак, како што ќе бидат и квалификациите и финишот на трката.

Хамилтон, пак, заработи повик од стјуардите поради бизарната и почетничка грешка на почетокот на сесијата, откако го згреши влезот во боксот и мораше да вози во рикверц за да добие помош од својот тим.

Scroll to Top