Душан Бајевиќ уште само неколку дена ќе биде селектор на Босна и Херцеговина. 71 годишниот тренер БиХ ќе ја предводи уште само на натпрварите против Холандија и Полска.
Босна и Херцеговина утре ќе ја пречека Холандија во Зеница, а на 14 октомври ќе гостува во Полска.
Бајевиќ не успеа со БиХ да ја мине Северна Ирска во полу-финалниот бараж за пласман на Европското првенство. Ириците во четвртокот ја елиминираа БиХ по изведувањето на пенали и за пласмна на континенталниот шампионат ќе играат против Словачка.
Во пресрет на натпреварот со Холандија Бајевиќ потврдил дека нема да го продолжи договорот.
„Чувствуваме притисок пред секој натпревар, секогаш ќе постои некоја цел, на играчите им кажав да го дадат максимумот. Тоа го направија и во четвртокот и тоа е најважното, изгубивме, тешко ни е сега, но потенцирам сите го дадоа максимумот. Сега целта е да продолжиме понатаму, а репрезентацијата потоа ќе добие нов селектор. Секогаш ќе бидам тука за да помогнам. Постојат тренери кои се амбициозни и кои во иднина ќе можат да ѝ помогнат на нашата репрезентација“, рекол Бајевиќ.
БиХ утре во Зеница од 18 часот ќе ја пречека Холандија.