Top Sport

БиХ му врачи отказ на селекторот Хаџибегиќ

Фарук Хаџибегиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Хаџибегиќ доби отказ поради лошите резултати во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.

Поранешниот репрезентативец на Југославија, 65. годишниот Хаџибегиќ, репрезентацијата на БиХ ја предводеше на четири натпревари, забележа само една победа.

Оставка од селекторот беше побарана минатата ндела, кога БиХ на домашен терен загубија од Луксембург (0:2).

БиХ, во Ј-групата по само четири натпревари остана без шанси да избори пласман на ЕП. Шанса да се пласира на ЕУРО 2024, Босна и Херцеговина ќе има преку плеј-офот во Лигата на нации.

Фудбалскиот сојуз на БиХ се уште не решил кој ќе биде новиот селектор.

Scroll to Top