Top Sport

БиХ закажа пријателски меч со Русија

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина потврди дека се договорил за одигрување на пријателски меч со Русија во Санкт Петерсбург на 19 ноември оваа година, и покрај тоа што уште трае забраната на УЕФА за рускиот и белорускиот фудбал.

Според медиумите во БиХ, федерацијата по добивањето на понудата од руската федерација, ја консултирала УЕФА, која им соопштила дека нема причина ваков меч да не се одигра.

Scroll to Top