Top Sport

Интер на продажба, семејството Жанг бара 1.2 милијарди евра?

Италијанскиот весник „Либеро“ тврди дека газдите на Интер, компанијата „Сунинг“ ја ангажирале банкта „Голдман сакс“ да пронајде купувач за клубот, со цена од 1.2 милијарди евра.

Ова не е првпат да има шпекулации околу желбата на семејството Жанг да го продаде клубот, или да бара нови инвеститори, откако пред неколку месеци се тврдеше дека саудискиот фонд ПИФ, кој го презеде Њукасл јунајтед, е подготвен да го купи клубот.

Вестите за потенцијална продажба доаѓаат откако нивните градски ривали Милан добија нови газди во американската инвестициска фирма „Ребрд капитал партнерс“, кои платија 1.3 милијарди евра за клубот.

Scroll to Top