По две нерешени средби во низа, фудбалерите на Торино денеска со 2-1 на свој терен славеа против екипата на Болоња во 17. коло во Серија А.
„Биковите“ во овој дуел влегоа по три врзани натпревари без победа и како да беа силно мотивирани да стават крај на неуспешната серија, и тоа го направија со сигурна игра и по еден гол во двете полувремиња.
Антонио Санабриа во 24. минута погоди за 1-0, а Скорупски во 69. минута го доведе својот тим во предност од 2-0 против екипата на Синиша Михајловиќ.
До крајот, гостите успеаја да го ублажат поразот, Орсолини од пенал ги постави конечните 2-1 во 79 минута.
Сега Торино се искачи на 12-тата позиција на табелата со 22 поени, додека Болоња останува деветта со 24 поени.