Top Sport

ПСЖ десеткуван пред дуелот со Монако

Само еден ден откако беше потврдено дека Серхио Рамос нема да би де во комбинација за дуелот против Монако, вечерва од 20.45 на „Паркот на принцвите“, нова лоша вест за Маурисио Покетино. Еден од двајцата стандардни дефанзивци – Преснел Кимпембе вечерва нема да му биде на располагање поради стомачни проблеми.

ПСЖ го дочекува Монако во дербито на 18. Коло од Лига 1, а проблемите за „Светците“ само се зголемуваат.

Од порано во составот ги нема Нејмар, Дракслер и Нуно Мендеш, па од класичните стопери Покетино го има само Керер.

Останува да се види дали друг фудбалер ќе биде „прекомандуван“ во последната линија, во близина на капитенот Маркињос.

Scroll to Top