Top Sport

Билбао го купи Ињиго и предизвија баскиска „војна“

Атлетик Билбао веднаш реши да потроши дел од парите добиени за Ајсерик Лапорт од Манчестер сити, и неочекувано го откупи договорот на Ињиго Мартинез од баскискиот ривал Реал Сосиедад.

Генералниот директор на клубот, Џон Берасатегуи лично ги донел парите, по што се копплетира трансферот на Мартинез. Десниот бек ќе потпише договор до 2023 година со откупна клаузула од неверојатни 80 милиони евра.

Трансферот не помина најдобро кај фановите на Реал Сосиедад, посебно бидејќи Мартинез претходно изјавуваше дека никогаш нема да замине во ривалски клуб, и дури беше дел од кампања за лојалност на својот клуб.

„Страста не може да се измери, на ист начин како што немаме две срца, не можеме да имаме и два дреса“, стоеше во кампањата на Мартинез, кој цела кариера ја помина во Сосиедад и беше капитен на тимот од Сан Себастијан.

Scroll to Top