Top Sport

Фудбалски трансфер платен со биткоини!

Според „Си-ен-ен Турк“, турскиот фудбалски клуб Харунустаспор го комплетираше првиот трансфер платен во крипто-валутата биткоин.

Харунустаспор, локален аматерски клуб, потпиша договор со 22-годишниот Омар Фарук Кироглу за 2.000 лири (околу 500 евра) во биткоин и 2.500 лири во кеш.

„Го направивме ова за да направиме име за нас во земјата и низ светот. Горди сме што имаме ваков прв трансфер“, изјави претседателот на клубот, Халдун Шехит.

Трансферот доаѓа во моменти кога вредноста на биткоинот беше екстремно променлива. Откако стигна до рекордот во близината на 20.000 долари на 17 декември, следниот месец следеша пад на под 10.000 долари, за сега да се стабилизира на 11.000 долари. Турската влада официјално препорача да не се користи биткоинот, бидејќи не постојат легални основи за користење.

Scroll to Top