Атлетик Билбао ќе му се спротистави на Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп, кое се игра во Саудиска Арабија, откако баскискиот клуб направи одличен камбек за четири минути за 2:1 победа над Атлетико Мадрид и уште една главоболка за тимот на Диего Симеоне.
Атлетико дојдоа во водство во 62. минута кога по еден корнер, голманот Унаи Симон реагираше лошо и сам си ја смести топката во сопствената мрежа. Меѓутоа, Билбао потоа направи неверојатен камбек – Јерај Алварез во 77. минута израмни на 1:1, пред Нико Вилијамс да го комплетира пресвртот четири минути подоцна.
Реал Мадрид вчера со 3:2 по продолженија ја совлада Барселона и ќе се судри со баскискиот клуб во финалето на невообичаениот формат на шпанскиот Суперкуп.