Иако се веруваше дека Ливерпул е неговиот следен клуб, според германскиот весник „Билд“, Челси веќе ја добиле битката за потписот на Тимо Вернер од РБ Лајпциг.
24-годишниот напаѓач има клаузула во својот договор од 60 милиони евра, така што кој ќе ја плати таа сума и ќе ги договори личните услови со него, ќе биде добитник на трката. Ливерпул подолго време го следеа германскиот репрезентативец, а и самиот Вернер изјави дека го почитува Јирген Клоп, но „црвените“ не беа подготвени да ги платат тие 60 милиони евра.
Интер исто така беа заинтересирани, но само доколку Лаутаро Мартинез замине во Барселона, додека Јувентус како прва мета го имаат Аркадијуш Милик пред Вернер. Според „Билд“, Челси се пред договор со Вернер, нудејќи му петгодишен договор со кој тој би заработувал нешто околу 10 милиони евра по сезона.
Вернер има 31 гол во 30 мечеви за РБ Лајпциг оваа сезона и дополнителни 12 асистенции.