Top Sport

Билд: Гвардиол се сели во Манчестер сити

Манчестер сити и Лајпциг го договориле трансферот на Јошко Гвардиол (21), тврди германски „Билд“. Според осови извор, Лајпциг направилемала отстапка и ја прифатиле понудата од 90.000.000 евра, што е за 10.000.000 евра помалку од она што првично го бараше германскиот клуб.

„Билд“, додава дека Гвардиол поради извесниот трансфер е повлечен од тимот за двата пријателски натпревари кои Лајпциг ќе ги одигра денеска. Младиот хрватски стопер ќе биде таму само како гледач, а во следните неколку дена и официјално ќе го комплетира трансферот во Англија.

Германските медиуми пишуваат и дека заедно со трансферот на Гвардиол, Лајпциг договорил и пријателски натпревар со Манчестер сити, каде челниците на клубот сметаат на полн стадион и заработка од околу 1.500.000 евра.

Дваесетина минути по „Билд“, веста за трансферот ја потврид и инсајдерот Фабрицио Романо. Тој вели дека се расчистуваат последните детали за трансферот и дека се ќе биде потпишано до крајот на неделата. Доколку се оди според планот, Гвардиол во петок ќе ги има медицинските прегледи во својот нов клуб.

Scroll to Top