Еден од највлијателните медиуми во Германија, „Билд“, во спортскиот дел, најавува дека Јирген Клоп нема да крај да го одработи договорот со Ливерпул. Германскиот тренер и „црвените“, лани ја продолжија соработката до јуни 2024 година.
Јирген Клоп во Ливерпул пристигна во 2015 година. Пред две години ја освои Лигата на шампионите, а минатата година по пауза од 30 години ја врати на „Енфилд“, титулата во Премиер лигата.
Оваа сезона, работите во Ливерпул се далеку од идеални. Тимот нема шанси да ја одбрани титулата, а гледано од оваа перспектива на Ливерпул им престои жестока борба за да изборат пласман во Лигата на шампионите.
„Билд“, тврди дека Клоп во 2022 година ќе замине од „Енфилд“, бидејќи имал желба да ја предводи репрезентацијата на Германија.
„Како и да заврши неговиот мандат во Ливерпул, Клоп порано или подоцна ќе се врати во Германија. Заинтересиран е да биде селектор, најмногу и поради тоа што Германија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2024 година. Можно е да замине од Ливерпул по завршувањето на оваа сезона, но шансите за нешто такви се минорни“, пишува во текстот на „Билд“.