Top Sport

„Билд“: Манџукиќ и Џан во пакет во Борусија Дортмунд?

Германскиот вицешампион, Борусија Дортмунд е заинтересирана во своите редови да донесе двајца играчи на италијаски Јувентус, Марио Манџукиќ и Емре Џан, наведува германски „Билд“.

Информациите се дека и двајцата фудбалери во минатото се поврзуваа со напуштање на италијанскиот шампион. Познато е дека и тренерот Маурицио Сари ги нема во своите планови, па „милионерите“ во тоа ја гледаат својата шанса.

Хрватскиот интернационалец сака да оди во Манчестер Јунајтед, но Борусија е подготвена на трансфер веќе идниот месец, а ги сака двајцата, во пакет.

„Билд“ пишува и дека Борусија оди на тоа двајцата фудбалери да ги доведе во Дортмунд со трансфер меѓу 30 и 40 милиони евра.

Scroll to Top