Top Sport

Наинголан: Велосипедисти ми се чудат – пушам, а трчам 90 минути

Калчолигашот Калјари е едно од најпријатните изненадувања во есенскиот дел од сезоната во петте најсилни фудбалски лиги во Европа (Серија А, Премиерлига, Бундеслига, Ла Лига и Лига 1).

Клубот од Сардинија е моментно четврти во првата италијанска лига, а без пораз е веќе 11 меа по ред. Еден од најзаслужните за ваквиот ефект на тимот е Раџа Наинголан кој на почетокот на сезоната во Калјари стигна на позајмица од Интер.

Темпераментниот Белгиец се испокара речиси со сите во Интер и се врати во клубот во кој настапуваше од 2010 до 2014 година.

„Сакам на сите во Интер да им покажам дека погрешија кога ме отпишаа. Добро играме и јас и Калјари и тоа е голема лична победа за мене, иако нема прерано да славам. Свен Нис (белгијски велосипедист) не можеше да верува кога дозна дека пушам. Но тој мора 7 часа да седи, а јас 90 минути трчам. Не е исто. Би се зачудиле колку многу фудбалери пушат. Кога еднаш излегов со репрезентативци на Белгија, пушевме седум или осум луѓе, но сите го видоа Раџа, и јас бев проблемот“ – вели белгискиот фудбалер.

Тој за себе вели дека последните години малку се смирил.

„Во последните години малку се смирив, особено откако сопругата ми е болна (канцер), но таа е се подобра. Се обидувам повеќе време да проведувам со децата и да им бидам на располагање“ – вели Раџа.

Тој ја заврши репрезентативната кариера откако селекторот Мартинез не го повика на минатото СП во Русија.

„Селекторот Мартинез ми рече дека во националниот тим не може да ми ја даде улогата која ја имав во Рома, а со „волчицата“ таа сезона играв полуфинале во ЛШ. Тука за мене беше крај. Стојам на својата одлука и нема да ја променам дури и ако дојде нов селектор“ – заклучи фудбалерот на Калјари.

Scroll to Top