Томас Милер еден од сенаторите во соблекувалната на Баерн Минхен барал начин да го напушти клубот пишува „Билд“. Милер, кој од својата 11 година е член на славниот клуб бил незадоволен од статусот што го имал кај тренерот Нико Ковач.
Милер не сакал јавно да го критикува тренерот и неговата работа, туку незадоволството го искажувал во разговор со останатите искусни играчи во тимот, пред сите со Нојер, Левандовски и Кимих.
30 годишниот напаѓач на последните пет натпревари одиграл вкупно 66 минути. Неговиот статус во тимот драстично се сменил со доаѓањето на Фелипе Кутињо чии договор од 120 милиони евра Баерн имаат намера да го откупат од Барселона.
Миер исто така бил разочаран од односот на челниците бидејќи се уште не му понудиле нов договор иако актуелниот му истекува за 18 месеци.
Томас Милер во кариерата одиграл 495 натпревар за Баерн, постигнал 186 гола и освоил 21 трофеј.