Top Sport

Љорис ќе паузира до крајот на годината

Голманот на Тотенхем, Иго Љорис, поради повреда ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку до крајот на годината.

Љорис, во саботата, против Брајтон, во обид да го одбрани својот гол незгодно падна и го повредил лактот на десната рака.

Шест минути на голманот му укажуваа лекарска помош на теренот, а потоа на носилки бил префрлен в болница.

„Анализите покажаа дека операција нема да биде потребна. Нашиот капитен ги оштетил лигаментите и би требало да се врати во тимот до крајот на 2019 година. Пред него е период на одмор и рехабилитација под надзор на нашиот медицински тим“, соопштија од Тотенхем.

Scroll to Top