Top Sport

Билд: Петер Бос веќе не е тренер на Борусија

Според германскиот весник „Спорт Билд“, Петер Бос веќе добил отказ од позицијата тренер на Борусија Дортмунд по ужасниот пораз од 1:2 од Вердер, и тоа ќе биде официјализирано денеска.

По поразот од Бремен, шефовите на БВБ, Ханс-Јоакин Вацке и Михаел Цорк имале „итен состанок“ на „Сигнал Идуна Парк“ и решиле дека целосно ја загубиле довербата во Холанѓанецот, кој пристигна во Борусија ова лето.

Борусија има осум натпревари без победа во Бундеслигата по фантастичниот старт на сезоната и веќе излета од Лигата на шампионите.

Кризата на „Вестфален“ нема крај – Вердер со победа кај Борусија (видео)

Scroll to Top