Борусија Дортмунд ја мина „групата на смртта“ во Лигата на шампионите од првото место, но не игра добро во Бундеслигата. Избраниците на Един Терзиќ во домашноот првенство се без победа на последните седум натпревари.
Позиициите на 41.годишниот тренер се разнишани и не се исклучува можноста тој да добие отказ. „Билд“ пишува дека за лошите резултати придонесува и бунтот во соблекувалната кој го предводи Марко Ројс (34).
Наводно меѓу Ројс и Терзиќ има несогласувања, а ескалацијата се случи во последното коло против Мајнц, во кое Терзиќ го остави Ројс на клупата.
Поранешниот германски репрезентативец 11 сезони настапува за Борусија, за клубот одигра 309 натпревари и постигна 166 голови.
Терзиќ најголемиот дел од кариерата го помина во Борусија Дортмунд. Почна како скаут во 2010 година, а потоа стана помошник тренер во помладите категории и на крајот дојде до првиот тим. Во неколку наврати беше привремен тренер, а од јули минатата година е прв тренер. Минатата сезона, во последното коло против Мајнц ја испушти шампионската титула.