Top Sport

„Билд“ до Саутгејт: Лудаку, твои противници се Милер и Нојер, а не Хитлер и Геринг

Селекторот на АНглија, Герет Саутгејт, на последната прес конференција пред финалниот натпревар на ЕУРО 2020, како дополнителна мотивација за неговите играчи ја спомнал Втората светска војна.

„Многу настапи има во историјата на кои ние како нација можеме да бидеме горди. Некои луѓе се обидоа да извршат инвазија, но имавме доволно храброст да им се спротивставиме. Не можеме да криеме дел од таа енергија беше присутен на Вембли против Германија. Никогаш тоа не сум им го кажал на играчите, но јас знам дека тоа беше дел од приказната. Има многу работи на кои треба да бидеме горди, а не ги потенцираме“, рекол Саутгејт.

Водечкиот германски медиуми „Билд“, оваа изјава на Саутгејт, ја испрати со наслов: „Господине Саутгејт, извинете, вие сте луди“.

„Точно е дека нацистичка Германија во 1940 и 1941 година ја бомбардираше Англија и сакаше да ја натера да капитулира. Челичната волја на Винстон Черчил не ја спаси само неговата земја, туку и помогна на Европа да се ослободи од нацистичките злосторници. Тој со право е прогласен за најголем Британец во историјата. Господине Саутгејт, само ќе ве потсетиме, дека противници на Черчил му беа Хитлер и Геринг, а не Томас Милер и Мануел Нојер. Тешко дека некој од оние кои го гледаа натпреварот Англија-Германија на Вембли, сведочел на крајот на Втората светска војна пред 76 години. Дури и англиските медиуми кои некогаш ги вртеа тие приказни повеќе не го прават тоа. Војната повеќе не е тема во светот на фудбалот“, пишува „Билд“.

„Германските тренери Клоп и Тухел на наглискиот фудбал му ги донесоа последните две големи титули. Зошто да не? Живееме во 2021, а не во 1945 година. Зошто дававте такви изјави? Сте гледале премногу филмови за Черчил, па сакате да станете вториот најголем Британец во историјата? Дали во мислите во беше вашиот дедо кој беше во морнарицата на Черчил? Ние Германците, кои заслужено испаднавме, со радост го чекаме големото финале. Доколку победи Англија, ќе победи поради Кејн и Стерлинг, а не поради војната“.

Scroll to Top