Top Sport

Биелса е новиот селектор на Уругвај

Аргентинецот Марсело Биелса (67) ќе го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Уругвај. Националниот тим на Уругвај ќе го води најмалку до Светското првенство во 2026 година, соопшти Уругвајскиот фудбалски сојуз (АУФ). Биелса и АУФ постигнаа договор, а единствено што недостасува е неговиот потпис на договорот.

„Постигнавме договор, разликите во формулацијата се испеглаа и останува само потпишувањето на договорот“, потврди членот на Извршниот одбор на АУФ, Хорхе Касалес.

На кормилото на поранешните светски шампиони (1930, 1950), Биелса ќе го наследи Уругваецот Диего Алонсо, кој ги напушти „Ла Селесте“ по елиминацијата во групната фаза на СП 2022.

Уругвај ќе биде третата репрезентација која во кариерата ќе ја предводи „Ел Локо“. Тој ја водеше Аргентина од 1998 до 2004 година, а Чиле од 2007 до 2011 година.

Неговата последна работа беше во Лидс јунајтед, кој го тренираше од 2018 до февруари 2022 година, а во текот на кариерата раководеше и со голем број клубови, меѓу кои Њуелс Олд Бојс, Атлас, Америка, Велез Сарсфилд, Еспањол, Атлетик Билбао, Марсеј, Лацио, Лил… „ игра“, додаде Касалес.

Биелса би требало да дебитира на клупата на Уругвај во јуни, на пријателските натпревари против Никарагва и Куба. Јужноамериканските квалификации за Светското првенство ќе започнат во септември.

Scroll to Top