Двајца искусни тренери се во мртва трка кој да седне на клупата на трофејниот шкотски фудбалски клуб, Селтик. Се работи за Хрватот, Славен Билиќ (50) и за Португалецот, Жозе Мурињо (56).
Мурињо двапати ја освои Лигата на шампионите, еднаш Лигата на Европа, двапати беше првак на Португалија, двапати освојуваше титула во Серија А, еднаш беше шампион во Примера, а дури четирипати беше прогласуван за најдобар тренер во светот.
Билиќ како тренер нема освоено ниту еден трофеј, но според светските обложувалници, е во минимална предност да стане кормилар на шкотскиот првак.
Тие двајца многу се почитуваат, Мурињо прв му посака среќа на Хрватот кога овој ја презема клупата на Вест Хем.