Top Sport

Српскиот ракометен „бомбардер“, Момир Илиќ оди во пензија!

Поранешниот српски ракометен репрезентативец, Момир Илиќ ја завршува играчката кариера. Илиќ, кој беше МВП на Европското првенство во 2012 година, кариерата ја завршува во дресот на унгарски Веспрем.

Претпоставките се дека Илиќ ќе остане во Веспрем и по завршувањето на кариерата ќе преземе некоја од функцијата во клубот.

Ракометната јавност го запозна по одличните претстави во словенечки Горење Велење каде во Лигата на шампионите постигна 91 гол.

Потоа се пресели во Гумерзбах, по што во 2009 година се пресели во германскиот гигант Кил. Со „зебрите“ двапати беше шампион на Европа, а освои и три титули во домашното првенство.

Од 2013 година е во Веспрем и за клубот настапи на 266 меча притоа постигнувајќи 1.162 гола.

За селекцијата на Србија одигра 125 мела и постигна 456 гола.

Најголемиот успех му е второто место на Европското првенство во 2012 година.

Scroll to Top