Top Sport

Билиќ на клупата на Фенербахче?!

Медиумите во Турција последната недела пишуваат дека хрватскиот фудбалски тренер, Славен Билиќ е близу до тренерската позиција во Фенербахче. Кај „жолто-црните“ од Истанбул поради слабите резултати отказ доби Витор Переира.

Билиќ, кој од 2013 до 2015 година беше на кормилото на друг истанбулски клуб (Бешикташ) во моментов е тренер на кинески Бејинг Гуана.

„Славен Билиќ ќе биде нов тренер на Фенербахче. Управата на истанбулскиот клуб и хрватскиот тренер веќе постигнаа договор и Билиќ годишно ќе заработува по 2,9 милиони евра“ пишува „Фанатик“.

Истиот извор пишува и дека Билиќ последниот меч во Кина ќе го одработи на 3. jануари, по што ќе отпатува во Турција. Според изворот, на клупата на Фенер би требало да дебитира на 10. јануари, на мечот со Адана.
Фенербахче на половина од првенствената сезона е четвртопласиран ос 14 бодови помалку од лидерот на табелата – Трабзонспор.

И Билиќ се огласи по ваквите пишувања:

„Јас сум професионалец, тренер на Бејинг Гуана и ќе продолжам да го пичитувам овој клуб и договорот со нив. Се друго што се пишува за мене се гласини“ изјави хрватскиот стратег.

Тој на 25 меча во сите натпревари на клупата за кинескиот клуб има 8 победи, 5 реми и 12 порази.

Scroll to Top