Top Sport

Барса го пушта Кутињо во Арсенал?

Шпанските и англиските медиуми пишуваат дека скапоплатениот, а малку корисниот фудбалер на Барселона – Фелипе Кутињо е близу до трансфер повторно во Премиерлигата.

Кутињо во 2018 година дојде на „Ноу Камп“ како голема ѕвезда на Ливерпул, а сега може да го облече дресот на лондонски Арсенал.

Тој со 120-те милиони евра отштета стана најскапото засилување во историјата на Барселона, но бразилскиот офанзивец не се прослави во Каталонија.

Поради тоа што очигледно не е во плановите на новиот тренер Чави, тој би можело уште во јануарскиот преоден рок да се врати на Островот.

Сигурно дека тоа би било за многу помалку пари од онаа сума за која дојде во Шпанија. Во Барса не се изнаигра, а ниту Баерн Минхен не сакаше да го откупи неговиот договор по позајмицата во клубот од „Алијанц Арена“.

Кутињо од 2013 до 2018 година го носеше дресот на „црвените“, а прретходно во кариерата има настапувано за бразилски Васко де Гама, шпански Еспањол и италијански Интер.

Арсенал во моментов е четвртопласиран во Премиерлигата.

Scroll to Top