Хрватскиот тренер Славен Билиќ го „препороди“ тимот на Вест Бромвич Албион, кој по 22 кола се на првото место на табелата во Чемпионшип со само еден пораз и на пат до Премиер лигата, но и покрај тоа што во Англија беше и како фудбалер и како тренер, не може да се навикне на фудбалот во текот на божиќните празници – тие утре играат со Брентфорд.
„Би било убаво да сме први на Божиќ, но од друга страна играме со добар тим. Проблемот со Божиќ во фудбалот е што можете да загубите фокус. Сега се забавите, доаѓа семејството, а ти пред тебе имаше четири натпревари. Можеш да ги искористиш да се одвоиш од ривалите или да пропаднеш за 10 дена. На крајот, игнорирањето на Божиќ е грев. Ова е најубавото време од годината, но мора да останеме концентрирани“, вели Билиќ.