Top Sport

Руни во својата куќа има подземен бункер и тунел за бегање?

Вејн и Колин Руни внимаваат на својата безбедност – англискиот „Сан“ тврди дека тие инсталирале најмодерен систем за обезбедување во нивниот дом од 20 милиони фунти во Чешајр, кој вклучува подземен тунел, таен бункер и електричен автомобил за „бегање“.

Ова доаѓа откако Колин Руни беше жртва на обид на грабеж во 2016 година, по што го приморала својот сопруг да обрне поголемо внимание при изградбата на новиот дом. Семејството уште не е вселено во домот откако Руни потпиша договор да биде тренер и играч на Дерби каунти по авантурата во МЛС лигата со тимот на Ди Си јунајтед.

Според „Сан“, тунелот го спојува објектот со гаражата и има метални врати за поголема безбедност, а на крајот на тунелот има подземен бункер со кујна, тоалет, интернет-врска и сигурносни камери, како и електричен автомобил кој може бргу да ги одведе на безбедно.

Scroll to Top