Top Sport

Билиќ си замина од Кина за да биде со семејството

Поранешниот хрватски селектор и менаџер на Вест хем и Вест Бромвич Албион, Славен Билиќ го раскина договорот со кинескиот прволигаш Пекинг Гуоан по една година „печалба“ во Кина.

Според клубот, 53-годишниот тренер решил да го напушти клубот за да биде со своето семејство за време на пандемијата на КОВИД-19. Билиќ дојде во Пекинг од Вест Бромвич Албион и во неодамна завршената сезона го однесе клубот до петтото место.

Поранешниот хрватски репрезентативец Билиќ покрај работата со Хрватска, беше тренер и на Хајдук, Локомотив Москва, Бешикташ, Вест хем, Ал-Итихад и ВБА.

Scroll to Top