Top Sport

Торонто го потврдија потписот на Инсиње

Торонто ФЦ потврдија дека капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње потпишал за МЛС клубот и ќе се приклучи во американската лига во јули како слободен агент.

Наполи му понудија на легендата на клубот нов договор, но само со драстично помала плата и тој се реши да направи трансфер во лигата. Интересно, Торонто го објавија трансферот со помош на Фабрицио Романо, експертот за трансфери на „Скај спорт Италија“ со неговата славна фраза: „Here we go“ (одиме!).

„Ова е историски и возбудлив ден за нашиот клуб. Лоренцо е напаѓач од светска класа, европски шампион со Италија и човек со врвни успеси со Наполи“, изјави претседателот на клубот, Бил Менинг.

Според италијанските медиуми, Инсиње ќе заработува 11.5 милиони евра по сезона, плус достижни бонуси од 4.5 милиони евра.

Scroll to Top