Top Sport

Бишќан донесе двојна круна за Олимпија, па доби отказ

Поранешниот хрватски репрезентативец, Игор Бишќан доби отказ од позицијата тренер на Олимпија, иако со клубот од Љубљана ја освои двојната титула.

Главната причина е што контроверзниот претседател на клубот, Милан Мандариќ не бил задоволен од неговата работа.

„Претседателот на НК Олимпија и тренерот Игор Бишќан последните неколку дена имаа неколку средби и разговараа за соработката. Беше согласено дека случките од минатата сезона покажаа дека соработката веќе не е можна“, се вели во соопштението на Олимпија.

Наследник на Бишќан ќе биде поранешниот словенечки селектор Славиша Стојановиќ. Самиот Бишќан немаше лоши чувства кон клубот.

„Сакам да се заблагодарам за досегашната доверба во оваа историска сезона. Благодарам на навивачите за поддршката која ми ја дадоа“, изјави Бишќан.

Scroll to Top