Top Sport

Де Хеа уште му е лут на новиот шпански премиер

Шпанскиот голман Давид де Хеа одби да му аплаудира на премиерот Педро Санчез при неговата посета на тренинг-кампот во Мадрид по критиките кои ги доби за лажните обвинувања за силување во 2016 година.

Во 2016 година, една анонимна проститутка го обвини Де Хеа дека организирал оргии со еден режисер на порно филмови во 2012 година, кога ја силувал неа и уште една жена. Додека траеше истрагата, Санчез, тогаш лидер на опозицијата изјави дека „не се чувствувам удобно Де Хеа да биде на голот на репрезентацијата“. Овие обвинувања се покажаа како лажни.

Де Хеа, нормално, не го заборавил ова, и при посетата на Де Хеа ги држеше рацете в џеб додека другите фудбалери му аплаудираа на Санчез. Според дел од шпанските медиуми по средбата, Санчез му се извинил на Де Хеа.

„Имаше време кога не ме третираа како што треба. Многумина ме критикуваа без да знаат дали тоа што е кажано за мене е вистина“, изјави неодамна Де Хеа за „Индепендент“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top